Секси, долги боб фризури!
Објавено на 28 ноември, 2012 во 11:12
Боб фризурата е омилена на жените низ целиот свет, вклучувајќи ги и ѕвездите. Оваа сезона особено во тренд е малку подолга боб фризура, односно коса со средна должина, до рамената
Бидејќи постојат многу можни варијации на овој тип фризура, таа одговара на скоро сите типови коса, како и форми на лицето. Боб фризурата може лесно да се трансформира во елегантна, а истовремено и во младолика и секси.
