За среќен живот …

Објавено: 23 јануари, 2013, во 09:40 часот

Што треба секоја да знае и има до триесеттите години?

Општествениот живот ги плаши жените во триесетите години.  Тогаш им се наметнуваат големи притисоци за она што треба да прават, а што не. Сепак триесеттите може да бидат прекрасни години, но само ако жените знаат што треба да имаат во животот и што треба да знаат за животот.

Секоја жена до 30 треба да има:

– Поранешен дечко со кој и понатаму може да се замисли во врска и за кој знае дека секогаш ќе биде тука за неа.

– Совршен ‘outfit’ кој секогаш е подготвен за клучен момент – оној во кој мажот од нејзините соништа сака да ја види за еден час.

– Квалитетна чанта, куфер и чадор од кој не се срами да го носи во јавност.

– Млад дух кој ќе и гарантира долга адолесценција.

– Богата историја на која ќе и биде мило да разговара за старите денови.

– Свест дека староста нема да и избега

– Сет одвртувачи, црн градник со чипка – сите се потребни во одредени моменти.

– Пријателка која секогаш ќе ја насмее и пријателка на која може постојано да и плаче

– Чуство дека конците на животот ги држи во свои раце.

– Скапи и квалитетни креми кои на кожата и даваат влажност.

– Задоволителни семејни односи – дури и ако не се идеални, мора да знае да се справува со тоа.

– Задоволство поради квалитетен почеток на кариерата.

Секоја жена до 30 треба да знае:

– Како да се заљуби, а притоа да не се изгуби себе си во врската.

– Одоговор на прашањето дали сака деца или не.

– Како да даде отказ од работното место, како да раскине со партнерот и како да влезе во конфликт со пријателката, а притоа да не го уништи нивното долготрајно пријателство.

– Кога треба повеќе да се потруди, а кога треба да се откаже.

– Како да му покаже на партнерот што сака во сексот, а што не.

– Како да се забавува на забава на која не ни планирала да дојде.

– Како да го бара она што го сака за да го добие.

– Дека неможе да ги промени дебелината на листовите, ширината на колковите и карактерот на нејзините родители.

– Дека нејзиното детство не било совршено

– На што се е спремна за љубов, а на што не е.

– Како да живее сама, дури и ако тоа не и се допаѓа.

– На кој може да му верува, а на кој не.

– Каде да оди кога на нејзината душа и треба осаменост, или кога бара друштво за веселба.

– Што може и што неможе да постигне во еден ден, месец и година.

– Зошто многу тврдат дека животот почнува во триесеттите..

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.