Тренд на задници!

Објавено: 1 февруари, 2013, во 10:55 часот

Фамозните позадини на Џенифер Лопез и Ким Кардашијан се едни од најпопуларните и најпосакуваните помеѓу женската популација.

Бројот на естетски операции за зголемување на задникот расте од година во година, а најактуелно е зголемувањето со вбризгување на сопственото сало.

-Користењето на сопственото сало за подобрување на изгледот се практикува веќе 70 години, а техниката со текот на времето се подобрува. Салото може да се земе од било кој дел на телото и најчесто се користи за подмладување на лицето и зголемување на задникот, објаснува Мајкл Кадиер, британски естетски хирург.

И затоа сè повеќе жени стануваат опседнати со изгледот на својот задник и со неговата големина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.