Што неможеме да фрлиме?
Објавено: 13 март, 2013, во 13:35 часот
Никогаш нема да погодите!
Жените во просек чуваат 16 парчиња облека кои никогаш не ги носат. Но, од друга страна ја фрлаат облеката на нивните мажи и тоа го кријат од нив. За 11% од жените, фрлањето стара облека е подобро од секс.
38% од луѓето велат дека чуваат работи кои никогаш повторно нема да ги користат бидејќи за нив тие имаат сентиментална вредност. Истовремено, најчесто фрламе работи после раскинување на врска. 15% од жените признале дека во бес фрлиле алишта од бившиот партнер. 75% од испитаниците се сложуваат дека оваа пролет највројатно е дека ќе го исчистат својот ормар и остава.
А еве го и остатаокот од листата на предмети кои ни е тешко да ги фрлиме:
1. Стари фотографии 67%
2. Облека која не ни одговара 46%
3. Цд од нашата младост 40%
4. Неотворени подароци 36%
5. Омилена играчка 30%
6. Облека од минатата сезона 24%
7. Детска облека 18%
8. Венчаница 17%
9. Столна ламба 12%
10. Мал црн фустан 10%
