Плетенки како летен хит!
Објавено: 2 април, 2013, во 16:19 часот
Плетенките се фризура која никогаш нема да излезе од мода.
Секогаш популарни, секогаш интересни, едноставно визуелно преубави, плетенките, барем еднаш се нашле на глава на речиси секоја девојка или жена.
Една, две или полна коса со плетенки, ни во еден од овие случаи нема да згрешите.
А кога да бидете во овој тренд ако не во топлите денови.
Всушност,плетенките се фризура која освен што убаво изгледа,идеална е за спас од високите температури а и многу практична во секоја пригода и најзначајното, не штетат на косата.
Обидете се со различни варијанти од онаа обична цврста плетенка,до плетенка од страна,ситни плетенки и машнички,до плетенка украсена со бисерчиња или афро плетенки.
Кога излегувате во град,на плажа или во омиленото кафуле задолжително направете плетенки.
Оваа фризура е спас во последен момент ако немате некоја креативна идеја по повод некоја свеченост. Направете плетенка како идеално и ефикасно решение.
