Совети за побрзо растење на косата по природен пат !
Заштедете пари, енергија и време и испробајте ги природните рецепти за побрз раст на косата. Освен заштеда ќе добиете јака и сјајна коса.
За да го забрзате процесот на растење на косата важно е да го зајакнете коренот и да ги нахраните влакната со витамини и минерали.
Масло од лаванда
Го поттикнува растот на косата. Со разредено масло од лаванда масирајте го темето да ја поттикнете циркулацијата. Овој ритуал повторете го неколку пати неделно бидејќи со тоа го поттикнувате хранењето на влакното и коренот на косата.
Жалфија и рузмарин
Комбинацијата од овие две состојки е идеална за лечење на ќелавост и поттик за раст на косата. Измешајте 4 капки жалфија и рузмарин со една лажица маслиново масло. Масирајте го темето со овој лосион 4-5 минути. Правете го ова барем еднаш дневно и веќе за две недели ќе уживате во неверојатните резултати.
Сок од лимон и јајце
Изматете го јајцето и додајте лажица сок од лимон. Добиената смеса ставете ја на косата, оставете нека отстои 30 минути а потоа измијте ја со шампон и млака вода. Нека ова ви биде навика ако сакате да постигнете одлични резултати.
Масло од јојоба
Ова етерично масло е идеално против губење на косата. Разредете неколку капки масло од јојоба со топла вода и ставете на памук. Со масирање на темето ќе ја зголемите циркулацијата на крвта. Ако го применувате овој третман две недели резултатите ќе бидат неверојатни.
