За што се можете да го користите шампонот за коса?
Освен што ја негува косата, ја прави мека и чиста вашиот шампон може да направи чуда во домаќинството.Ако ви остане малку шампон или имате некој кој не го користите не фрлате го туку искористете го за чистење на лисја, површини од хром, полирање на обувки и безболно вадење на фластер.
1. Доколку имате проблем со патент затворачот кој запнува, нанесете малку шампон на него, па неколку пати отворете и затворете. Ќе го решите проблемот.
2.Слично постапете ако сакате безболно да го извадите фластерот. Нанесете капка шампон на делот залепен на кожата, почекајте неколку секунди да се натопи па полека симнете го фластерот.
3. Вратете ги бојата и сјајот на кожните чевли. Неколку капки шампон нанесете на чиста памучна крпа, добро втријте го во обувките и исчистете со чиста крпа.
4.За рачно перење на чувствителна облека наместо скапи детергенти во вода капнете неколку капки шампон за коса.
5.Исто важи и за дамки на облеката. Нанесете на флеката малку шампон, истријте и оставете да отстои неколку минути па облеката исперете ја на вообичаен начин.
6.Употребете шампон наместо пена или крем за бричење. Нанесете го на кожата ,избричете го подрачјето и измијте. Шампонот има свиленкаста структура заради која бричот лизга полесно, многу е поблаг од сапунот и не ја суши кожата.
7. Исчистете ја прашината од лисјата на домашните цвеќиња со мешавина од вода и капка шампон. Во смесата натопете ја крпата, исцедете ја и избришете ги лисјата.
8.Исчистете ја четката за коса и четкичките за нанесување на шминка. Истријте ги со шампон и добро измијте ги. Шампонот одлично ги отстранува телесните маснотии.
9.Измешајте шампон и сода бикарбона и направете паста за чистење на алуминиумски површни и површини од хром на вашите автомобили.
10.Ако не можете да ја одвртите сијалицата или ве нервира шкрипењето на вратата, подмачкајте ги со шампон и проблемот ќе биде решен.