Моден тренд: Мантили за пролет !

Објавено на 21 април, 2013 во 10:10

Моделите се долги до колена, имаат ремен кој ја нагласува половината и се идеални за витки личности.

Мантилите се атрактивни како никогаш досега, со елегантен крој во бои и материјали кои го отсликуваат пролетното расположение, ведрина и свежина.

Познатите модни брендови се потрудија пролетно-летната сезона 2013 да ја обележат со ова класично парче облека. Моделите се долги до колена, имаат ремен кој ја нагласува половината а убаво прилегаат и на постари дами како и на млади девојки.

Мантилите се со извонредно раскошен колаж од бои. Модерни се јаките бои, различна нијанса на зелена ,вклучувајќи и смарагдната која ја обележува оваа сезона а во тренд се и пинк, светложолта, портокалова и црвена боја.Освен тоа, многу ефектно делуваат и метализираните материјали, посебно во сина и бордо нијанса.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.