Отстранете ја гумата за жвакање од облеката!
Објавено: 25 април, 2013, во 12:09 часот
Кога ќе забележите гума за жвакање залепена на вашата облека сигурно дека се чувствувате посрамено. Освен тоа нејзиното отстранување од облеката е најголем предизвик на перењето алишта особено ако таа се исушила на нив.
Никој не сака да ја оштети својата омилена облека употребувајќи хемикалии.Но зошто не се обидете со некои едноставни методи со помош на кои можете да ја отстранете гумата за жвакање пред да се одлучите да го уништете парчето облека.
Прочитајте неколку совети.
1. Замрзнување
Тоа е едноставна и лесна техника за отстрануавње на гумаат за жвакање од вашата облека. Држете ја облеката во замрзнувач додека гумата не се стврдне потоа отстранете ја со нож или со нокти. Таа ќе биде доволно мека да се отстрани и со крпа. Исто така можете да користите и коцка мраз и да триете по гумата за жвакање.
2. Топол оцет
Нанесете топол оцет на гумата за жвакање и околу неа. Оцетот ќе помогне во растурање на нејзината лепливост. Гумата ќе стане мека и така полесно ќе се отстрани. Исперете ја крпата темелно после третманот.
3. Отстранувач на лак за нокти
Нанесете голема количина од отстранувачот врз гумата за жвакање и оставете да отстои некое време. Потоа отстранете ја со четка или нож.
4. Пеглање
Ако ткаенината може да се пегла, ставете весник или картон над гумата за жвакање и пеглајте на препорачаната температура. Топлината ќе ја омекне гумата и таа ќе се залепи на хартијата. Повторете ја постапката додека гумата целосно не излезе.
5.Потопете во жешка вода
Потопете ја облеката во жешка вода. Додека ја топите стругајте ја гумата со нож, но само во еден правец.
6.Алкохол
Триењето со алкохол е ефектна метода. Натопете парче вата во алкохол и втријте на подрачјето со гума за жвакање. Држете некое време а потоа со нож отстранете, исперете и исушете со крпа.
7. Спреј за коса
Користете спреј за коса за да ја отстранете гумата за жвакање. Освен тоа користете и нож бидејќи со него лесно ќе биде отстранувањето.
