Нови пролетни трендови!
Играње со јаки бои на кармини, сенки и фарби за коса се хит оваа пролет. Еве неколку трикови за привлечен изглед.
Впечатливи сенки од Диор до Кензо со јаки нијанси. Доколку имате светли очи, изберете розови, црвени и сини тонови додека жолти и зелени сенки совршено одговараат на потемните очи.
Како да се примени овој стил?
Линии во боја над очниот капак, со четкичка за сенка можете да ја развлечете оваа линија многу лесно, само важно е претходно коректор да нанесете на целото око.
Боја за усни
На светските ревии се забележува тренд на светли усни, од крв црвена нијанса како на ревијата на Прада до розови нијанси. Испробајте ги сите тонови за да дознаете кој ви договара.
Како да се примени овој стил?
Светли бои на усните со благо тонирање на лицето и изразени образи можете да носите и во дневни варијанти. Поентата е дека изразената уста не одговара со јака шминка на очите како на пример со црни нијанси, евентуално може само тенко да нанесете туш.
Собрана коса.
Правилен патец по средината на темето, ниско опавче и откачена боја на косата се доминантни трендови оваа пролет. Собраната коса ја презема улогата на секси и моќно издание после кадриците кои беа актуелни минатите сезони.
Како да се примени овој стил?
На ревијата на Гучи беше очигледно дека ваквите фризури одлично се вклопуваат со нагласени очи и ефектен накит а деталите како марама во косата се враќаат на голема врата.
