Еден пар старки на три начини!

Објавено на 26 април, 2013 во 06:16

Старките се дел од модната и културна иконографија, сите ги носат, без оглед на полот, годините и модните определби, што ги прави фантастични за најразлични комбинации на облека. За оваа прилика ви издвоивме три можности во кои старките ќе бидат ваши верни сопатници.

Старки на работа?

Ако мислевте дека е невозможно, сепак не е! Старките можат да бидат дел на апсолутно прифатлива работна комбинација. Само заменете ги вашите балетанки со бели старки и ќе видете како овие камелеони совршено ќе ја одиграат улогата на работни обувки.

Фустан + старки= ?

Со нежен и романтичен фустан можете да носите стартки без проблем, само средете ги деталите и наместо елегантни чанти земете ранче. Додадете етно накит и очила во пилот стил, сето тоа со јаки и ведри бои и вашиот урбан дневен изглед е готов!

Парти старки ?

Со неон бои и вашите омилени старки нема да поминат незабележано каде и да тргнете. Кожната јакна ќе даде острина на овој изглед и ќе го претвори во вечерен како и впечатливите бои кои ќе блеснат под вечерните светла – уживајте во забавата!

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.