Бои и модели кои ќе ви намалат три килограми!

Објавено на 26 април, 2013 во 08:00

Со овие пет модни трикови моментално ќе изгледате како да имате неколку килограми помалку.

Еве супер трикови со кои ќе „ослабете“ за неколку минути.

1.Темни фармерки

Џинсот би требало да одговара токму на вашиот облик на телото. Темните фармeрки се секогаш добро решение а светлиот дел околу колената ќе ви даде уште подолг изглед. Со тоа, маичка која ви ја прекрива половината и малку пократка јакна одлично ќе одговара на вашата фигура.

2.Долги џемперчиња

Најчесто погрешно e сфаќањето дека облека со поголема величина ќе ве направи послаби. Но, долгите џемперчиња и блејзери ќе и дадат на вашата фигура издолжен изглед. Истото важи и за долгите ѓердани.

3. Фустан прилепен за телото

Одлично ги покрива недостатоците, доколку е во форма на песочен часовник, ја следи линијата и нежно паѓа. А ако не сте задоволни од горниот дел на рацете, тука секогаш се кратките џемперчиња, со должина на ракавот до лактот.

4. Туника

Широката туника може да изгледа контрадикторно во однос на нашите совети но изненадувачки е чудотворна. Важно е  да ја дефинирате формата на туниката со тенок ремен и секако облечете чевли со платформа, така ќе изгледате повитки.

5.Долги црни ѕвонести панталони

Црните панталони многу го издолжуваат телото. Ако имате широки колкови панталоните можете да ги носите со посветли маички.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.