Накит за трепки!

Објавено: 27 април, 2013, во 09:00 часот

Одите на некој посебен настан или состанок и обична шминка не ви е доволна. Тука на сцена настапува накитот за трепки кој ќе ве направи гламурозна.

До неодамна жените своите природни трепки ги истакнува со вештачки ,но  и тоа како и се останато стана веќе видено. Natalie Russo лансира линија за необичен и интересен накит за очи.

Линијата се состои од накит во облик на еднорог, овошје, зеленчук и други слични украси. Накитот е направен од мека жица, бисери и разни украси кои овозможуваат секоја дама да го избере оној украс кој најмногу и одговара.

Украсот за накит претставува лесна, водоотпорна и флексибилна замена за вештачките трепки. Доколку посакате вештачки трепки или да ги освежите, изберете некои од овие интересни украси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.