Син дијамант продаден по рекордна цена!

Објавено: 28 април, 2013, во 10:30 часот

Силно синиот дијамант од 5,30 карати вграден во прстен продаден е во средата во Лондон за 7,3 милиони евра со што е постигнат нов рекорд по карат, јавува аукциската куќа Бонхамс.

Изработен е во 1960 година по нарачка а се очекуваше дека на своето прво појавување ќе постигне цена помеѓу  7 и 9 милиони евра,пишува Дејли Мејл.

Дијамантот изработен од Булгари достигна цена од 1,37 милиони евра по карат а го купил лондонскиот златар Граф Дајмондс. Овие дијаманти се многу ретки, тврдат од Бонхамс.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.