Знаете ли кои витамини и недостасуваат на вашата кожа?

Објавено на 30 април, 2013 во 10:05

Правилната и добрата исхрана е важна за вашата кожа да биде убава и здрава.Сепак, понекогаш кожата не изгледа убаво, без оглед на се бидејќи можеби и недостасуваат одредени витамини.

Витамин А за брчки

Пронајдете го во лосионите и во ноќните кремови  збогатени со витамин А .Научниците докажале дека витаминот А може да ги забави предвременото стареење на кожата. Секој кој сака да изгледа помладо треба на лицето да нанесува крем со ретинол секоја ноќ пред спиење.

Витамин B3 за црвенило

На етикетите на козметичките производи ќе го пронајдете под името наицинамид. Докажано е дека го зголемува производството на природни масла кои ја хидрираат и ја штитат вашата кожа.

Витамин C за флеки

Научниците докажале дека витаминот C го намалува нивото на слободни радикали  во телото кои се заслужни за предвремено стареење на кожата. Витамин C вашата кожа ќе ја зацврсти и намали видливоста на темните дамки. Нанесете ја кремата секое утро пред да ја ставете шминката.

Витамин E за сува кожа

Најдобрите производи кои го спречуваат предвременото стареење на кожата во себе содржат барем еден отсто витамин E. Тој исто така ќе го намали нивото на слободни радикали и ќе ја намали штетата настаната од претераното изложување на сонце.

Витамин K за темни кругови под очите

Во едно истражување е заклучило дека со користење на креми со витамин K во период од 4 месеци значително се намалуваат темните кругови под очите. Вашите очи ќе изгледаат помладо и поубаво ако кремата збогатена со овој витамин ја нанесувате секоја вечер пред спиење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.