Тинејџерки не претерувајте со шминката!

Објавено на 3 мај, 2013 во 09:05

Познато е дека изгледот ве преокупира и ви е многу важен што дури делува на вашето добро и лошо расположение, самодоверба и недостаток на самодоверба, прифаќање на модел на социјално или асоцијално однесување. На сметка на убавиот изглед вие експериментирате со секакви можности.

Тоа не е добро, а најкорисниот совет е да не претерувате со шминката.

Се што ви треба на вашата возраст е блага и суптилна шминка која ќе ја добиете со фина комбинација од бои кои ќе ве направат привлечни и шармантни.

Вам ви е дозволено:

Да се експериментира со бои. Обидете се да користите светли и цветни бои. Исто така, може да користите светло розеви и црни бои ако сакате женствен изглед.

Да користите светли, но природни сенки за шминка.

Да експериментирате со шминката за очи, но избегнувајте многу светкава шминка на другите делови од лицето.

Да користите сјај за усни наместо кармин.

Да испробате различни видови фризури бидејќи промената на фризурата влијае на комплетниот изглед.

Да се обидувате да најдете начини вашата кожа да биде чиста, но бидете многу внимателни во изборите, советувајте се со повозрасни или со дерматолог. Поради погрешен избор на козметички средства и методи на оваа возраст, понекогаш остануваат лузни засекогаш!

Да експериментирате со обувките.

Запомнете дека невиноста на вашето лице е вашата вистинска убавина, затоа избегнувајте шминка што ќе го прикрие тој ваш природен шарм и невиност.

Што не е дозволено!

Секогаш внимавајте да не претерате со облекувањето и, што и да носите, нека биде во согласност со приликата за која го носите.

Избегнувајте хемиски третмани на косата, но експериментирајте со природни и растителни производи.

Избегнувајте да носите претерано блескави фустани и шминка бидејќи тоа ќе го наруши вашиот природен шарм.

Не употребувајте хемикалии на вашето лице. Наместо тоа избирајте домашни или природни производи.

Избегнувајте бои како кафена, сива или темносина, како за фустани така и за шминка.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.