Ефтини пакетчиња за убава коса!

Објавено на 3 мај, 2013 во 08:30

Одморете ја косата од сите третмани кои требаше да ја разубават и излечат. Пробајте ги овие овошни „пакетчиња“, не се скапи, бараат 30 до 45 минути и не појавуваат никакви негативни ефекти.

За коса оштетена од хемиски третмани

Потребно е: две банани, една жолчка од јајце и една чајна лажичка сок од свеж лимон.

Резултатот: здрава и среќна коса.

За фарбана коса и коса сува како сено

Потребно е: една банана и една шолја пиво

Резултатот: сјајна коса

За мрсна коса и скалп

Потребно е: една шолја сок од свеж портокал и една шолја јогурт

Резултат: скалп што дише нормално

За коса што паѓа

Потребно е: едно авокадо (ако имате), една лажичка зелен чај и половина шолја млака вода.

Резултатот: цврсто и еластично влакно; подобар квалитет на косата од коренот до врвот.

За скалп што чеша и прави првут

Потребно е: две големи лажици сок од цариградско грозје (анг. gooseberry, лат. Ribes uva-crispa), една чајна лажичка сок од лимон и една шолја јогурт.

Резултатот: смирен скалп и помалку првут.

За безживотна коса

Потребно е: една чаша млеко од кокос, половина шолја сок од лимета (или друго цитрусно овошје), три чајни лажички сув хибискус, 500мл пиво.

Резултатот: сјајна коса полна со живот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.