Направете сами !

Објавено на 21 мај, 2013 во 09:30

Пилинг за тело– Измешајте сок од еден лимон и лажица шеќер. Оваа мешавина е идеална за отстранување на мртвите клетки од целото тело.

Против брчки – Сварете чаша млеко, две лажици сок од лимон и една лажица коњак. Изладете ја оваа течност на собна температура. Нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, оставете да се исуши и потоа измијте  со млака вода.

Маска за лице – Измешајте сок од еден лимон со четвртина шоља маслиново масло. Оваа маска ја чисти вашата кожа и ја обезбедува потребната влажност.

Против првут – Нанесете две лажици лимонов сок на темето од главата и добро масирајте. Измијте  а на крај целата коса исплакнете ја со шоља млака вода во која ќе ставете една лажичка лимонов сок.

За чисти и светли нокти – Натопете ги рацете во купка која сте ја направите од 1 шоља млака вода и пола лимон, оставете така  5 минути, а потоа со кората од преостанатиот лимон истријте ги убаво ноктите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.