Магдоносот како маса за лице!

Објавено на 24 мај, 2013 во 08:39

Откријте го чудотворен ефект зеленчукот кога ќе го подготвите како маска за вашата кожа.

Маска за мрсна кожа

Иситнете магдонос , толку ситно што ќе може од него да се цеди сокче. Една супена лажица од добиената смеса замешајте со две супени лажици кисело млеко. Нанесете ја готовата смеса на лицето и по 15 минути исплакнете го лицето со ладна вода. По постапката, ќе забележите дека лицето го нема веќе вишокот сјај карактеристичен за масната кожа, а тенот е побел.

Уште еден предлог за маска за мрсна кожа

Една супена лажица ситно исецкан магдонос се замешува со пола лажица овесно брашно или нишесте, исто количесто трици и 2-3 лажици кисело млеко. Се нанесува рамномерно на лицето и се држи 15 минути. Се одмива со ладна вода.

Маска за сува кожа

Една супена лажица ситно насечкан магдонос се замешува со една супена лажица полномасна павлака. Смесата се нанесува на лицето и се остава да отстои 15 минути. Се плакне со топла вода.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.