Маска за коса од банана!
Познати се многубројните здравствени предности на бананата. Вклучувајќи ја во редовната исхрана ви дава сјаен тен и луксузна коса. Исто така бананите можат да се користат и како маска за коса.
Овие мaски лесно можете и сами да ги направете дома.
Банана и авокадо
Една зрела банана со авокадо и млеко од кокос измешајте во блендер. Нанесете ја на косата. Почекајте 15-20 минути пред да ја измиете смесата од косата. Оваа маска делува како добар омекнувач и ја прави вашата коса свилена и мека. Тоа е делотворен лек за оштетена коса ,бидејќи спречува расцветани врвови и кршење на косата.
Банана и какао
Добро измешајте две зрели банани, какао ,млеко и масло од бадем. Со смесата масирајте ја косата и темето. Оставете ја 15 минути и потоа измијте ја со благ шампон. Оваа маска дава волумен и сјај на вашата коса.
Банана и јајце
Измешајте две зрели банани, две белки, една лажица маслиново масло и една лажица мед. Нанесете ја на косата и темето. Оставете 20 минути да делува и измијте со благ шампон. Оваа маска содржи протеини кои ја јакнат косата и мед кој ја освежува.
Банана и мајонез
Измешајте две банани и додајте три лажици мајонез, три капки етерично масло од лаванда и неколку капки бадемово масло. Оставете 15 минути и измијте. Оваа маска ќе ја направи вашата коса свиленкаста, мека и здрава.
