Шминка за кафени очи!
Објавено: 17 јуни, 2013, во 07:47 часот
Уште едно правило е дека треба да се избере контрасна боја за да се потенцира окото. Не е важна само бојата, туку и формата на окото. Светлите сенки ќе го зголемат окото, а темните ќе го нагласат, но ќе го намалат.
Ако очите ви се мали и кафени, нанесете светла боја во внатрешниот агол од окото до веѓите, а потемна на надворешниот агол од окото.
Независно од бојата што ќе ја изберете, за дневна шминка употребете нијанси од една боја, но без да ја употребувате истата нијанса на боја за целото лице (сенка, руменило, кармин).
Нијансите на кафена, неутралните бои како сиво, светлорозево, праска боја се идеални за дневна шминка.
За вечерна шминка изберете „зачаден“ изглед, но не само во црно, туку и во виолетово, зелено или темно сино.
Моливчето за очи одговара за жени со кафена боја затоа што остава впечаток на длабок поглед. Завршете го шминкањето со 2-3 слоеви маскара, најдобро црна.
