Млечночоколаден педикир!
Објавено: 17 јуни, 2013, во 09:56 часот
Потребен ви е сад со млеко во кој ќе можете да ги покиснете стапалата. Млекото е добар навлажнувач на кожата, ги потхранува и омекнува дури и најгрубите делови од стапалата.
Откако стапалата ќе отстојат во млекото некое време, подгответе маска со парафин и чоколадо или масло за тело и чоколадо така што на пареа или тивок оган ќе ги загреете производите додека да се растопат и добијат хомогеност.
Оваа маска брзо ја потхранува сувата и груба кожа. На крајот, исечете ги и оформете ги ноктите на нозете.
Богатиот состав на масти во чоколадото експресно ја потхранува и хидрира кожата, ѝ дава еластичност и цврстина.
Регенерирана кожа подолго време останува мазна и мека. Стапалата стануваат нежни на допир, а ноктите по процедурата добиваат сјај и мазност.
