Во мода се едноделни костими за капење!

Објавено: 18 јуни, 2013, во 07:13 часот

Едноделните костими за капење оваа сезона ги преплавија продавниците а сигурно и многу трендсетерки своите дводелни комплети ќе ги заменат со некој ваков модел. Дали сте и вие една од нив?

Иако многумина мислат дека ваквите модели се резервирани исклучително за полнички девојки и жени или пак пливачки  сепак оваа сезона понудата на едноделни костими за капење е многу интересна па нема да им одолеат ниту совршено градените девојки.

Освен едноставни и еднобојни модели кои речиси секогаш ги има на пазарот интересни се и оние со дезени, набори и ресички.

Веднаш не внесуваат во летното расположение и посакуваме да се што повеќе шарени и повпечатливи на плажа.

Нека не ви е гајле како ќе поцрнете па и не морате во нив да го поминете целиот ден. Ако пак сте тип за „ладовина“ тогаш ова ви е одличен избор.

Еве што ископавме од понудата на едноделни костими, парчиња кои ни ја завртеа главата.

Одлучете се и истакнете ја својата линија со овие смели модели.Летото ни се врати во полн сјај!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.