Опоравете ја оштетената коса!
Објавено: 18 јуни, 2013, во 07:53 часот
Оштетената коса има бројни симптоми. Најдобар начин за нејзино оживување е да ја негувате на природен начин. Постојат многу домашни лекови за коса кои ќе ви помогнат.Еве некои од нив…
Јогурт и мед
Земете три дена стар јогурт и додадете една лажица мед во него. Масирајте ја вашата кожа со топло кокосово масло и оставете ја до наредното утро. Штом се разбудите ставете ја маската од јогурт и мед на косата и почекајте десетина минути. Потоа измијте ја косата со вода и ќе добиете мека и нежна коса.
Мајонез и авокадо
Згмечете половина авокадо и измешајте со две лажици мајонез. Авокадото има многу добри масти кои ќе направат вашата коса да биде здрава и нежна. Мајонезот помага во навлажнување на косата и ја прави мека. Ставете ја оваа маска на косата и оставете десет минути. Измијте со млака вода.
Банана и јајце
Згмечете една банана со лажица и скршете две белки. Ставете ја оваа маска посебно на секој прамен од косата. Доколку имате првут можете да додадете малку лимон. Оставете ја маската на косата десет минути и измијте со природен шампон.
