Летни модни правила!
Објавено: 19 јуни, 2013, во 07:42 часот
Летниот изглед со оглед на високите температури и потењето,има свои специфичности,но тоа никако не значи дека и понатаму не можете да изгледате беспрекорно и привлечно – се што е потребно е вниманието на некои детали.
1.Белото нека биде бело. Ништо не го расипува впечатокот како жолтеникава нијанса на белата облека или дамка од дезодоранс под рацете па белата облека во лето перете ја со посебни додатоци за отстранување на дамки или обелувачи.
2.Долна облека во беж боја. Беж облеката е најнеутрална а со оглед на тоа дека во лето доста ткаенини се полупрозирни, вреди да се инвестира во нова долна облека.
3.Внимавајте на линиите од костимот за капење. Ако не се чувствувате удобно во него додека се капете, без трегери, купете неколку и менувајте ги така што нема да ви останат линии по кожата.
4.Немојте премногу да откривате. Немојте да ја користете топлината како изговор за мини сукњи или деколтирани маички. На работа и училиште и понатаму одете пристојно облечени.
5.Избегнувајте синтетика. Општо е правилото дека во синтетички ткаенини повеќе се потите отколку во природни како на пример лен. Избирајте квалитетна облека и редовно одржувајте ја.
