Континуирана нега на кутикули!

Објавено: 21 јуни, 2013, во 08:56 часот

Со континуирана нега кутикулите се повлекуваат сами и ноктите изгледаат уредно.

Најпрвин, треба да се ексфолираат (да се отстрани слој од кожичката, т.е. мртви клетки). При секое капење нежно поттурнете ги наназад, кон коренот, и ексфолирајте ги со чистата луфа ракавица со која се капите. За подобро отстранување на изумрените клетки околу ноктот користете ексфолијант, најдобри се тие што содржат алфахидрокси киселини (AHA), кои нежно го решаваат проблемот со вишокот слоеви на кутикулите. Резултатите од ова се гледаат веќе по првата недела од практикувањето.

Ако вашите кутикули зафаќаат добар дел од ноктот, препорачливо е секојдневно масирање со крема за кутикули со нежно поттурнување наназад како при ексфолијацијата. Има добри масла за кутикули кои, ако се користат напоредно со нежно четкање со стара четка за заби, создаваат совршено негувани нокти. Четкањето да се врши по целиот нокт и околу кутикулите, а потоа да се нанесе безбоен лак за нокти.

Никогаш не ги сечете. Кога го правите тоа, се изложувате на инфекција, посебно ако ви ги сечат во салон. Постојаното сечење прави и лузни на ноктот, кој така расте нерамно. Се сечат внимателно само доколку има повеќе кожа и слоеви кутикули кои е тешко да се истуркаат назад. На крај, секогаш, задолжително, да се нанесе некое средство за дезинфекција на ноктот и кутикулите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.