Маски за лице од зелен чај!
Објавено: 24 јуни, 2013, во 08:56 часот
Зелениот чај е богат со витамини и минерали кои влијаат на убавината. Тие ги спречуваат брчките, ги намалуваат темните дамки на кожата, ја изедначуваат бојата на кожата и спречуваат кожни проблеми како што се акни, изгореници и рак. Прочитајте неколку маски за сјајно лице од зелен чај.
Инстант сјај
Земете три лажици зелен чај и какао во прав и добро измешајте со лажица бадемово масло. Алтернатива е да измешате лажица лист од зелен чај со три лажици мајонез. Нанесете го на лицето. Оставете 20 минути пред да измиете.
Подмладете ја кожата
Измешајте внатрешност од една папаја со екстракт од зелен чај. Погрижете се вашата кожа да биде влажна пред нанесување на оваа смеса и измиете после 15 минути. Тоа ќе направи чуда за потемнета кожа. Оваа маска ја отстранува вашата сива кожа давајќи и убав сјај.
Посветла кожа
Измешајте две вреќички зелен чај со една лажица оризов цвет и додадете лажица лимон во тестото. Нанесете ја пастата на лицето и измијте после 15 минути. Вашата кожа веднаш ќе изгледа посветло и поздраво.
Отстранување на брчки
Оваа маската помага да ги отстраните видливите знаци на стареење како што се брчките. Згмечете три јагоди и додадете лажица зелен чај и мед. Нанесете ја пастата на лицето така што ќе го масирате лицето со кружни движења спрема горе. Измијте после 20-30 минути и ќе добиете многу помлад изглед на кожата.
Чиста кожа
Сварете вода и ставете 3 вреќички зелен чај и кроен од ѓумбир. Исцедете ја смесата и нанесете ја на подрачјето со акни. Исто така можете да додадете и белка која ќе ви даде сјајна кожа.
Свеж изглед
Направете смеса со една лажица сиров мед и иста количина на маслиново масло па додадете една мала лажица зелен чај во прав. Лесно втријте ја смесата на кожата и оставете да делува 20-30 минути. Вашата кожа ќе има светол, свеж изглед по миењето.
