Справете се со зголемени пори!
Објавено: 27 јуни, 2013, во 07:06 часот
Ако сакате чиста кожа, треба да се елиминираат или намалат порите. Ви предлагаме неколку совети за справување со зглемени пори.
Правете пилинг почесто
Благо ексфолирајте ја кожата секојдневно. Тоа помага порите да се намалат. Има различни природни средства за пилинг на пример, темен шеќер и лимон, пченкарно брашно и јогурт и др.
Ставајте маски на лицето
Маска од јаболков оцет и белка од јајце е познато дека помага порите да се намалат. Нека постои на лицето и кога ќе се исуши, изронете ја и протријте го лицето, а потоа измијте го со млака вода. Маската делува да се намалат порите, а тоа прави лицето да изгледа помазно.
Чистете го лицето редовно
Чистењето на лицето со средство за чистење без масло помага да се елиминираат широките пори. Кога кожата ја чистите редовно, нечистотијата пократко се задржува, не се дозволува нејзино насобирање, а со тоа и порите остануваат помали.
За оваа цел корисни се природни средства за чистење, на пример, млекото. Со памукче натопено со млеко намачкајте го лицето, нека отстои кратко и со сув памук соберете го вишокот од млекото.
