Модни совети за жени со мали гради!
Малите гради имаат многу предности па жените кои ги поседуваат треба максимално да ги искористат сите нивни благодети. Тие ви овозможуваат бескрајна игра со бои, дезени и форми без страв дека ќе изгледате вулгарно и евтино.
Доколку сакате од своите мали гради да извлечете максимум да изгледате беспрекорно добро ќе ви дојдат нашите совети :
Носете модели со висока јака. Едноставно,длабоките изрези привлекуваат внимание на малите гради додека повисоките јаки дур добиваат и на волумен. Додека дамите со поголеми гарди ќе ги избегнуваат вие гордо облечете ги.
Нагласете ги рацете рамената. Нека вашата облека стави акцент на рацете и рамената ,наместо на градите. На пример,маица со округол отвор и кратки ракави е еден начин тоа да го направите. Целта е да се привлече внимание на горниот дел од телото но така фокусот да не биде на градите.
Нагласете ја половината. Нагласете ги облините носејќи облека која се прилепува со најтенкиот дел од вашата половина. Секое нејзино „стегање“ помага градите да изгледаат поголеми.
Носете широки работи. Ако носете широки лесни кошули или панталони ќе го тргнете фокусот од градите.
Носете отвори на грбот. Искористете ја топлата сезона и носете маици,топови и фустани без грб. Додека дамите со големи гарди мораат да се грижат за градникот и силната поддршка за градите ако имате мали гради искористете го тоа што можете да одите без градник.
Носете широки ремени. Широките ремени се уште еден начин да се нагласи половината и да им се додаде големина на малите гради.
Носете фалти и набори. Носете горни делови со карнери,некои изработки или украси околу градите. Тоа ќе им додаде волумен без да се претерува.
Избегнувајте фустани на преклоп. Тие не одговараат на малите гради. Напротив за нив е во главно потребно да имате поголеми гради и се препорачуваат на жените со големи гради.
Избегнувајте спортски градници. Избегнувајте ги овие градници без рамки кои ќе ги спласнат вашите гради. Инвестирајте во градник по ваша мерка.