Најдобри масла за побрз раст на ноктите!
Дали знаете дека ноктите побрзо растат за време на топлите сончеви периоди во годината?
Тоа значи дека овие месеци се идеални за тоа. Сепак ако сакате да го забрзате овој процес можете да го направете тоа со помош на природни масла. Смесата од маслиново масло и лимонов сок е наједноставен рецепт за природен раст на ноктите. Во две лажици масло ставете десет капки сок од лимон. Секој втор ден мачкајте ја целата површина на ноктите.
Останатите масла кои имаат слично влијание на косата и кожата се : бадемовото, маслото од семки од тиква, лененото, рицинусовото масло…Маслото од јојоба и кокос има сличен ефект кога станува збор за забрзан раст на ноктите,
Одличен избор е и витамин Е. Истиснете го од капсулата и секојдневно со тоа масирајте ги ноктите. Ноктите не само што ќе бидат подолги туку ќе станат и поцврсти.
Есенцијалните масла кои во краток временски рок ќе го подобрат квалитетот на ноктите се оние од чајно дрво, лаванда, сандаловина, јагорчевина и сл. Можете да ги користете поединечно или од нив да направите смеса по желба за да постигнете подобри резултати.
На растот на ноктите влијае и начинот на исхрана. Пожелно е да се користат суплементи, кои треба да содржат биотин, дел од комплексот на витаминот B кој делува најдобро во спој со витамин B12.
Најдобар природен начин за постигнување на подобар квалитет на ноктите е да јадете повеќе храна богата со протеини. Лиснатиот зеленчук, семки и оревесто овошје содржат важен протеин кој телото ќе го претвори во кератин. Исто така во исхраната вклучете и повеќе производи богати со витамини.