Модни додатоци инспирирани од кинеската култура!
Објавено на 30 јуни, 2013 во 08:50
Новата колекција на модните додатоци на престижната модна куќа Emilio Pucci е инспирирана од кинеската култура.
Колекцијата која ја креираше талентираниот дизајнер Петер Дундас предизвика големо внимание и интерес кај модните познавачи.
Особено интересен модел се сандалите со платформа кои се препорака на оваа модна куќа за топлите денови.
Мотивот на змеј стана омилен во модниот свет така да овие сандали изгледаат уникатно и модерно.
Азија е една од најзастапените инспирации оваа сезона па ни модната Emilio Pucc не остана имуна на тоа. Нивната фасцинација е Кина.
Дизајнерот ги споил мотивот на традицијата и културата на Кина со модерни елементи што резултираше со многу модерна и трендовска колекција.