Изберете очила за сонце според формата на лицето!
Очилата за сонце,особено на лето,еден од најпопуларните модни додатоци а со оглед на нивната заштитна функција дефинитивно се неизоставен дел од летниот изглед.
Но,од правилниот избор на нивната форма,во многу зависи каков вкупен впечаток ќе оставете. Ви донесуваме неколку совети како во однос на својата форма на лицето да изберете совршен модел за вас.
За лице со овална форма: Наједноставно е да се пронајде форма на очила кои одговараат поради урамнотежените пропорции. Визуелно,која било форма на рамка ќе одговара но би било паметно да бараат од оние поголемите. Преголемите очила особено договараат на оние со овално лице.ZA LICE OVALNOG OBLIKA.
Округли лица : Им треба контрастна рамка на очила како квадратни или правоаголни. За вашето лице да изгледа потенко избирајте очила со јасен мост на носот. Исто така и на округлата форма на лице и одговараат големи очила.
Лице со квадратна форма : Лицата кои имаат квадратна форма треба да избираат овална форма на очила. Исто така на овие лица одговараат „мачкести“ очила кај кои горната рамка се шири и на тој начин го заоблува лицето.
Лица со јака,спуштена вилица: Лицата со издолжен лик би требало да барат форма на очила кои визуелно ќе го скратат па е важно да се избегнуваат многу тенки рамки и мали очила. Избирајте очила со тешки рамки,со украси или шари кои ќе го одвлечат вниманието од вилицата и подбрадокот.
Лице со форма на срце: Вие лица имаат нагласени јаготки и шпицеста брада. Вие не треба да барате контрастни очила туку оние кои се спојуваат со формата на вашето лице. Избегнувајте преголеми очила бидејќи на тој начин ќе го прикриете целото лице.