Модни трикови за самоуверен изглед!
Убаво е да се биде ИН и да се следат модните трендови но не по секоја цена! Еве неколку совети за самоуверен изглед :
1. Жртва на модата? Нема ништо полошо отколку да се виде девојка која е облечена по последна мода а да притоа ништо од она што го има на себе не и стои добро. Доколку пак не можете без модни трикови обидете се да се вклопите во некој свој личен стил и не носете по секоја цена кроеви кои не и ласкаат на вашата фигура само затоа што се во тренд.
2. Важна е удобноста ! Во идеалниот свет сите би можеле да се шетаме во пижами и да одиме на работа во тренерки но тоа не е така и постојат некакви кодекси на облекување кои мораме да ги почитуваме. Она што е секако дозволено,дури и препорачливо доколку сакате да се чувствувате самоуверено е да носите комотни работи во кои ќе се чувствувате удобно и добро,односно убави на себе а потоа и на другите.
3. Позитивен став. Ова не се однесува само на гардеробата но позитивниот став многу влијае на самодовербата на поединци. Затоа доколку расположението ви е во пад облечете ја омилената работа и барем на тој начин поправете си го расположението.
4. Правилен крој. Многу е важно да знаете што ви стои а што не. Така и кога се последните модни крикови во прашање ќе можете да изберете правилен крој за вас и да го подобрите изгледот.
5. Што се носи и во која прилика. Ова правило делува банално но ако се најдете неприкладно облечени во одредена ситуација тоа може многу да ја наруши вашата самодоверба затоа добро планирајте што ќе облечете за да сјаете во секоја прилика.