Изберете шорц кој одговара на обликот на вашето тело !
Дојде време за еден од омилените летни модни трендови : тексас шорц. Ако планирате овие денови да тргнете во потрага за вакво парче а облека кој можете да го комбинирате во безброј летни комбинации,еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.
Ако имате облини :Наш совет е да ги покажете. Трикот е да пронајдете шорц кој е ви ја истакне фигурата и нема да додаде повеќе облини на местата на кои не сакате. Изберете подлабок модел кој не е премногу тесен. Можете да го носите со тесна блуза во јака боја и балетанки или рамни сандали.
Ако сте со поситна градба: Потрагата по вистински шорц може да биде права мака ако сте ниски и слаби бидејќи шорцот може да направи да изгледате пониско а нозете да ви изгледаат пократки. Направете рамнотежа со тексас шорц кој е подлабок. Додадете лесна маичка и сандали со полна пета за комплетен look.
Ако имате долги нозе :
Сјајно ќе ви одговараат шорцеви со долги ногавици. Носете ги со сандали во неутрална боја и тесна маичка
Ако сте со детска градба :
Веројатно ви е проблем да најдете шорц кој визуелно ќе создаде облини. Побарајте шорц од лесен материјал и широки ногавици. Најдобро е да позади имаат џебови.