Лимон против темни пазуви !

Објавено: 4 јули, 2013, во 07:33 часот

Темните пазуви се многу чест проблем кај сите луѓе. Многу од нив имаат темен пигмент на тоа подрачје поради дезодорансите и парфемите. Меѓутоа нив можете лесно да ги осветлите со лимон кој може да направи чуда.

Исцедете сок од два лимони. Натопете вата во сокот и тапкајте ги пазувите со неа. Потоа подигнете ги рацете и дозволете на лимоновиот сок да се исуши под пазувите. Не ги спуштате рацете за да не се намали дејството на сокот од лимонот. Држете го под пазуви десет минути а потоа истуширајте се.

Работи кои треба да ги запамтите :

– Вашите пазуви мораат секогаш да бидат чисти и избричени.

– Ако почувствувате иритација поради лимоновиот сок тоа значи дека можеби сте алергични на агрума. Избришете веднаш и не се обидувајте повторно.

– Кожата под пазуви е чувствителна така што никогаш не ги тријте пазувите агресивно. Тоа би можело да ја оштети кожата.

– Секогаш користете масло за тело или крем по користењето затоа што лимонот ја суши кожата.

Зошто е корисен лимонот под пазуви?

Лимонот е богат со витамин Ц а со тоа содржи и многу антиоксиданси. Помага да се забрза процесот на обнова на клетките на подрачјето под пазувите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.