Утринска подготовка :Тип топ за кратко време!
Не е невозможно да се излезе од дома наутро во најдобро можно издание а притоа на работа да се стигне на време. Еве неколку совети како да ја забрзате утринската рутина а притоа да не страда вашиот изглед.
Туширајте се ноќе
Можеби ова ви звучи премногу очигледно но ќе се изненадите колку време се заштедува со туширањето навечер. Сепак неуредните фризури моментално се моден хит!
Користете сув шампон
Сувиот шампон секако ќе стане нешто што секоја зафатена жена мора да го има меѓу своите производи за нега на убавина. Тоа е спреј кој ја сокриваат маснотијата на косата а ако го користите сувиот шампон во прав вашата коса ќе добие и волумен па ќе изгледате дека штотуку сте завршиле со фенирање.
Средете ја косата додека спиете
Доколку се определите за бранови или локни, средувањето на косата навечер не само што го намалува времето кое ви треба за да се подготвите за работа туку и прави замислената фризура полесно да се изведе.
Организирајте го просторот каде што се подготвувате
Времето за подготовка на работа може да биде драстично намалено кога точно знаете кое каде ви стои. Затоа добро организирајте се и издвоите половина час се да организирате за да ви биде на дофат на раката.
Користете црвен кармин
Црвениот кармин може да се смета и како ултимативна изјава за гламур. Но е и многу практичен да го сврти вниманието од уморните,не нашминкани или лошо нашминкани очи. Ставете црвен кармин и вашиот изглед моментално ќе стане свеж и гламурозен.
Направете трајна шминка
Доколку сте жена која не излегува од дома без маскара размислете за тоа да направете трајна шминка на веѓите и капаците. Трепките во тој случај ќе делуваат погусто,потемно и подолго токму како на нив да имате