Гламур и спорт!
Иако удобноста е она што најчесто го врзуваме за спортскиот стил, брендовите како што се Nike i Adidas на спортската опрема и дадоа сосем нова насока.
Спортската гардероба денес не само што е карактеристика за комфор туку и статусен симбол како и мерило за вкус. Така спортските парчиња станаа неопходни кај сите љубители на модата а совршениот стајлинг почна да биде задолжителен и кога тренираме. Многу успешни спортисти станаа заштитни лица на одредени спортски брендови а нивните карактеристични стилови кои ги претставуваат на своите натпреаври почнаа масовно да се усвојуваат и употребуваат во животното секојдневие.
Но сите кои преферираат гламурозен стил или за оние кои сакаат да останат верни на својот спортски стил и во свечени моменти,својата спортска облека денес можат да ја комбинираат со високи потпетици,тексас,гламурозен накит,кристални асесоари,разни кожни и крзнени парчиња,давајќи им нота на луксуз. Денес високата мода подразбира и спортски гламур а многу познати дизајнери соработуваат со класични спортски брендови за да ги лансираат посебните колекции од овој тип.
