Нова опсесија- морска сол за чистење на косата!

Објавено: 7 јули, 2013, во 08:51 часот

Кој би рекол дека едноставен производ како морската сол ќе заземе важно место во изгледот на девојките.

Оние кои се занимаваат со изработка на средства врзани за косата овие денови се колнат во морската сол која ја мешаат со вода или шампон и со неа ја чистат косата од хемикалии.

Солта помешана со вода прави извонреден пилинг на косата и без оштетувања од влакната ги отстранува насобраните нечистотии и наслаги од козметичките средства за коса. Морската сол со шампон е најдобро да се измеша во посебно шишенце а по нанесувањето на косата да се измие со ладна вода. Косата ќе добие неверојатен сјај и ќе биде мека.

Девојките кои обожуваат бранови од плажа исто така би требало да го испробаат дејството кое на косата го остава морската сол. Во шишенце со распрскувач ставете вода и 3 лажици морска сол па добро измешајте. Бидејќи ќе се направат локни косата треба лесно да се испрска со оваа смеса за да се добие вистински „морски изглед“.

Девојките кои имаат коса која лесно се витка не мораат да губат време со нејзино виткање. Доволно е да ја попрскаат со раствор од морска сол,да ја изгужваат со рацете и лесно да ја исушат со фен. И ете неуредни секси бранови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.