Владеење на кобалтно сина!
Предноста на кобалтно сина е во тоа што може да се комбинира со доста актуелни бои како и тоа дека добро им одговара и на плави девојки и на бринети.
Ова лето кобалтно сина е вистинско освежување во многу дизајнерски колекции и модни линии на познатите брендови.
Со оглед на тоа дека е една од интензивните сини нијанси доволно е впечатлива како на облеката така и на деталите. Предноста на кобалтно сината е во тоа што може да се комбинира со доста актуелни бои а особено добро стои на потемнет тен.
Модерни се фустани во кобалтно сина нијанса и лесни и тесни модели со изрези и деколтеа наменети за деловни и вечерни прилики. Актуелни се и лесни кобалт сини туники дизајнирани од проѕирни материјали како и кошули и тоа во комбинации со мини сукњи или панталони со рамен крој. Се издвојуваат и шорцевите и фармерките во оваа актуелна нијанса кои се носат во дневни и вечерни прилики.
Во многу колекции кобалтно сината нијанса комбинирана е и со други бои и популарни дезени.
Својата комбинација за излегување можете да ја освежите и со детали во оваа боја. Чанти,сандали,балетанки,накит,марама или шешир дополнително ќе го нагласат вашиот летен моден израз.
