Хит на летото – сандали со силни бои и необични модели!
Објавено: 16 јули, 2013, во 07:12 часот
Сандалите со ниски потпетици и тенки ремчиња се идеални за тесни зглобови додека на дамите со силни листови на нозете се препорачуваат полуотворени сандали со висока штикла бидејќи тие визуелно ја издолжуваат ногата. Со овој тип на нога одлично одат и сандалите со помала платформа.
Ако сте спортски тип и имате убави нозе со изразена мускулатура,идеални летни обувки за вас се налани. Тие ќе ја истакнат атлетската форма на вашите листови а истовремен визуелно ќе ги продолжат вашите нозе.
Во мода се јаки бои
За долги нозе добар избор се и гладијаторки а ако имате премногу слаби нозе би било добро при изборот за обувки да се одлучите за посветли модели со платформа бидејќи тие на вашите нозе ќе им дадат дополнителен волумен. Ремчињата исто така би требало да бидат потенки. Меѓутоа ако имате подебели нозе и зглобови избегнувајте сандали со ремчиња преку зглобовите бидејќи тие визуелно ги скратуваат нозете.
Што кажуваат сандалите за вас
Рамни со ременче
Рамните сандали со ременче околу зглоб зборуваат деака сте девојка на која и е најважна удобноста,Сакате цврсто да се задржите на земја.
Ниска штикла
Сандалите со ниска или средна потпетица зборуваат дека повеќе сте роб на стилот отколку на сексапилот но и дека не сте подготвени да ја жртвувате удобноста поради трендовите.
Шарени со платформа
Зборуваат дека сте со ведар дух,сакате дружење и мода но и да бидете оригинални.
Рамни и елегантни
Нив ги носат одговорни лица кои сакаат нивниот арспоред,начин на живот,друштво и гардероба да бидат со стил.
Шарени високи штикли
Вакви чевли ќе облечат дами кои сакаат авантури но и експерименти со модните трендови. Ќе го свртете вниманието каде и да се појавите.
