Најдобри масла за раст на косата!

Објавено на 17 јули, 2013 во 07:08

Маслото е многу добро за косата. Тоа го зголемува растот на косата,се бори со разни проблеми на темето а исто така помага и во лечење на сува коса. Постојат многу масла за нега на косата а кои се погледнете во продолжение.

Кокосово масло

Масажата на косата со кокосово масло три пати во неделата пред миење дава одлични резултати. Ова масло го зголемува растот на косата го лечи опаѓањето а исто така овозможува олеснување од сув корен. Можете да направите топло масло за масажа на косата 1-2 часа пред нејзино миење. За лечење на првут измешајте кокосово масло со лимонов сок и нанесете на косата. Кокосовото масло може да биде измешано со варени цветови од хибискус за да го спречи опаѓањето на косата.

Бадемово масло

Ова е едно од најдобрите масла за нега на косата. Бадемовото масло го зголемува растот на косата. За да добиете густа,долга и цврста коса масирајте ја косата со бадемово масло и оставете преку ноќ. Следниот ден измијте ја косата. Освен што ја зајакнува косата и зголемува нејзиниот раст,тоа ја чисти кожата и го спречува чешањето.

Масло од рицинус

Рицинусовото масло е исто така добро за зголемен раст на косата. Можете да ја масирате косата со рицинусово масло за да го излечите опаѓањето на косата и зголемете растот. Тоа е најдобро за нега на косата бидејќи го подобрува квалитетот на косата.

Тоа се неколку најдобри масла за коса. За да добиете предности на тие масла масирајте го коренот 15 -20 минути а потоа замотајте со крпа. Тоа помага коренот на влакното да го впие маслото и да даде добри резултати.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.