Зошто не би требало да се врзува мократа коса?

Објавено: 18 јули, 2013, во 07:29 часот

Дали сфативте дека проблемите со косата  никогаш не престануваат и дека секогаш се појавуваат некои нови. Наместо да паѓате во депресија подобро е да почнете да ја негувате косата на вистински начин. До различни проблеми со косата доаѓа поради што тоа многу жени  ја врзуваат мократа коса во опавче. Во продолжение погледнете што предизвикува врзувањето на мокра коса во опавче.

Оштетување на косата

Кога е косата мокра постојат шанси за поголеми оштетувања на косата. Никогаш немојте да ја чешлате мократа коса или да ја врзувате бидејќи тоа ги ослабува прамените на косата. Тие работи можат да предизвикаат акутно оштетување на косата.

Губење на косата

Никогаш немојте да ја врзувате мократа коса во опавче бидејќи ја правите послаба што предизвикува губење на косата. Задолжително исушете ја пред да ја врзете.

Проблем со првут

Ова е уште една честа причина поради која треба да избегнувате да ја врзувате мократа коса. Кога ќе ја врзете постојат шанси да добиете првут. Влажноста и потта се едни од главните причини за првут така да не треба да ја врзувате мократа коса.

Чешање на коренот

Првутот е главна причина за појава на чешање на коренот. Врзувањето на мокра коса ќе направи да ве чеша коренот поради повеќе пот и првут. Освен тоа инфекциите на коренот повеќе се појавуваат кога косата е мокра.

Кршлива коса

Врзувањето на мокра коса ќе направи вашата коса да стане кршлива. Никогаш не се обидувајте да ја свиткате косата кога е мокра бидејќи тоа ќе ја направи безживотна.

Ќелавост

Врзувањето на мокра коса ја оштетува вашата коса што доведува до ќелавост и истанчување на косата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.