Идеална шминка за дамите со зелени очи

Објавено: 19 јули, 2013, во 08:07 часот

Истакнете го зеленилото во вашите очи со неколку едноставни и лесно применливи трикови.

Поигрување со виолетово

Истакнете ги преубавите зелени очи со бои кои во себе содржат црвени под тонови. За драматичен изглед направете smokey eyes,но во боја на слива и сите нејзини нијанси кои се вистински контраст на зеленото. Избегнувајте сини под тонови како и сини сенки и моливи за очи. Исто така имајте предвид дека ќе ви одговара нијанса на злато како и топли бои. Немојте да носете црн или кафеав eye liner, туку изберете сив кој ќе изгледа понежно. Слично правило важи и за маскарата:наместо црна одлучете се за темно кафеава.

Избегнувајте сребро

Со металик боите кои се многу тренди можете да експериментирате но избегнувајте сребрена боја. Злато и бронза се ваши сојузници особено за навечер. Преку ден можете да си поиграте со кафеава и темно зелена сенка а тој дневен изглед можете да го трансформирате во вечерен со едноставно додавање на златни светки.

Заборавете на eye liner

За зеленооките девојки овој избор не е најидеален. Наместо црн користете eye liner со боја на чоколада,злато или сив кој нема сребрен отсјај. Ако сакате вашите очи да бидат уште повпечатливи додајте бел креон за очи нанесувајќи го во внатрешните агли.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.