Светликави капаци

Објавено: 25 јули, 2013, во 08:03 часот

Светликавите сенки изгледаат многу ефектно,гламурозно но тешко се решаваме да ги ставиме поради тоа што не знаеме како правилно да ги нанесеме.

На пазарот постојат најразлични шминки за постигнување на светликав ефект на капаците. За почетниците можеби се најдобри свеликавите моливи бидејќи не ви е потребна посебна вештина со нив да ги нагласите одредените подрачја околу очи. Едноставно се нанесуваат креми и гелови со светилки со помош на четкичка која обично се добива во пакувањето. Поголема умешност треба за сенка во прав.

Пазарот е полн со сенки во најразлични бои. Најпопуларни се златна,сребрена,бронзена и црна. Но наместо да ставете само една можете да си поиграте и со две во зависност од бојата на тенот,косата,очите,стилот… Најважно е да поседувате неутрална,за нијанса посветла и потемна од тенот.

Како се нанесуваат? Пред да ставете светликава нанесете на капакот обична сенка како подлога. Под веѓите на надворешните агли ставете малку псоветла сенка од тенот и без светлечки ефект.

На средината одете со потемна боја,црна или кафеава. Добро протријте ја можете и со врвот на прстите. Со потемната сенка нагласете во внатрешниот и надворешниот агол на окото. Светликавиот молив или гел нанесете го директно на капакот а ако ваш избор е сенка во прав тогаш е неопходно под очите да држете хартиено шамивче ,за правта да не заврши не само на капците туку и на остатокот од лицето.

Потоа очите исцртајте ги со туш. За подраматичен изглед,дефинирајте ги и линиите на долните трепки и благо на крај закривете а потоа врз него ставете малку сенка. За “smokey” ефект можете да додадете и малку потемна сенка на внатрешните агли на очите. Ставете маскара. Ако користите вештачки трепки сега е време да ги фиксирате.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.