Како да се отстранат црнки од лицето
Објавено: 29 јули, 2013, во 09:38 часот
Постојано се бориме со црнките на лицето, најупорни на носот, брадата и горната усна. Сигурно веќе сте пробале најразлични начини да ги снема. Еве уште еден, а за него ви е потребна една белка од јајце и хартиено марамче.
Изматете лесно една белка од јајце (сосема кратко, колку да се разбие). Нанесете еден дел од неа на лицето и вратот.
Земете тенка хартија (хартиено марамче), направете отвори на местото за очите, отворите на носот и устата и ставете ја на лицето.
Врз хартијата нанесете уште еден слој од јајцето. Оставете да се исуши. И, без зборување!
Кога ќе се исуши, полека „лупете“ ја хартијата во правец од долу нагоре. Би требало на неа да останат црните мали натрапници…пред да направат поголема штета!
Не влечете ја хартијата агресивно. Ако ја чувствувате премногу исушена, влечете полека или малку навлажнете ги прстите и натапкајте на лицето (но не премногу, за да не го изгуби ефектот).
Понекогаш црнките тешко излегуваат на овој начин. Се уште ви останува можноста проблемот да го среди козметичар.
