Како да ги покриете подочниците?
Објавено: 31 јули, 2013, во 08:09 часот
Појавата на темни кругови околу очите или популарно наречените подочници се појавуваат поради многу причини. Дерматологот Ребека Бакст вели дека генетиката игра главна улога во промената на бојата околу очите.
Таа ја наведува хиперпигментацијата како една од причините. Според, дерматологот Хајди Валдорф, стареењето исто така е мошне влијателен фактор за создавање на подочници околу очите. Според неа, кај некои луѓе особено со бледа кожа, оваа појава е најмногу истакната. Алергиите се исто така голем виновник, како и честото триење на очите, кое резултира со задебелување и со затемнување на делот околу очите.
Прво и најважно е сонот. Треба да бидете убаво наспaни и одморни, за да немате подочници. Помалку конзумирање на алкохол и сол особено во летните денови, така што очите нема да ви бидат подуени, а и круговите ќе исчезнат. Користете капки за очи и хидратантни креми со кои ќе го мачкате делот околу очите, така секогаш ќе изгледате свежо. Засолжително носете очила за сонце, кои ќе ги штитат вашите очи од ултравиолетовите зраци и ќе го намалат проблемот со создавање на подочници. Одете на лекар, применувајте ги советите кои ќе ви даде за да се заштитите и целосно ослободите од темните кругови.
Постојат козметички производи кои имаат функција да ги покријат флеките, подочниците и темните кругови. Коректорите се идеални за такви ситуации. Ги има во неколку нијанси но најдобро е да користите еден тон посветол од онаа нијанса на пудрата која ја користите. Најдобар начин за да нанесете коректор е да користите специјална четка која помага за целосно и совршено нанесување на коректорот околу делот кој сакате да го покриете. Друга варијанта за да се ослободите од подочниците е да се подлегнете на хирушка интервенција, со вбризгување на хијалуронска киселина околу очите.
