Летен тренд: Ефект на мокра коса

Објавено: 3 август, 2013, во 08:05 часот

Miuccia Prada секоја година ни носи некој нов трнед, изузеток секако не е ни оваа сезона.

Кога стилистот Guido Palau на ревија на модната куќа Prada за есен/зима 2013/14 на косата на моделите стави ново масло Diamond Oil Shatterproof Shine на брендот Redken, не штедејќи на неговата количина сите увидоа дека тоа е спротивставување на убавината на модата. Самиот Guido тоа и го потврди: ” Облеката сама по себе е драгоцена. Морав,ме да смислиме нешто поедноставно а најдобар ефект беше мократа коса,како моделите штотуку да излегле од под туш“.

Приказната за мокра коса се повтори уште на неколку ревии на сезоните на модните куќи Marni, Balmain и Giambattist Valli, чии стилисти уште дополнително ја намазнија косата во уредни и елегантни фризури.

Трендот набрзо ги зафати и едиторијалите во модните списанија а модната куќа Prada истиот изглед го искористи и во новата видео кампања за есенската колекција.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.