Ултимативен летен тренд природни веѓи

Објавено: 8 август, 2013, во 09:09 часот

Ова лето слободно можете да ја оставете пинцетата и да уживате во природните и густи веѓи. Веѓите на нашето лице му даваат дефиниција и израз.

Модата постојано се менува па така години наназад тенките и исцртани веѓи паднаа во заборав. Трендот на природни веѓи почна во 2012 а неговата популарност и понатаму не стивнува.

 

Секако дека под густи,не мислиме на „џбунови“ од веѓи. При формирање на веѓите потребно е да се почитуваат некои правила:обликот на лицето,моменталната состојба на веѓите како и вашата желба и актуелните модни трендови. Без обѕир што силните веѓи можевме да ги видиме речиси на сите светски модни писти сепак треба правилно да се формираат и да се средат.

За одредување на должината на веѓите послужете се со стапче и молив. Почетокот на веѓите одредете го така да стапчето го притиснете до носот и внатрешниот агол на окото. Таму каде што стапчето ја допира веѓата таму треба да биде и нејзиниот почеток. Веѓите би требало да имаат лесно заобиколен лак така да шот поприродно го следи обликот на вашето око. Дефинирајте ги со помош на пинцета и скубете ги секогаш во правец на растењето.

Доколку имате светли и тенки веѓи ќе ви помогне моливче со кое ќе ги покриете недостатоците. Заборавете на стилот Fridа Khalo и средувајте ги вашите веѓи спрема вашиот личен стил и обликот на вашето лице.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.