Кој е на пописот на најдобро облечени за оваа година?

Објавено: 13 август, 2013, во 08:25 часот

Списанието Vanity Fair го објави пописот на најдобро облечени славни личности во 2013 година. Секоја година на крајот на јули и почетокот на август,на веб страницата на магазинот се објавува под наслов “The Best Dressed List”.

Првото место го зазеде актерката позната по филмот “Django Unchained” Kerry Washington, на второ место е еден од моментно најекспонираните пејачи на светот Justin Timberlake, додека ново печената мајка Kate Middleton се најде на третото место. Многумина ги зачуди фактот дека на овогодишниот попис ја нема Michelle Obamа, која често заземаше висока позиција.

Но еве ги и останатите :

4. Carmen Dell’Orefice, модел

5. Keith Richards, музичар

6. Victoria Beckham, дизајнерка

7. Gisele Bündchen и Tom Brady, модел и фудбалер

8. LeBron James, кошаркар

9. Thom Browne, дизајнер

10. Dree Hemingway,модел

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.