Предпочитајте ги природни!

Објавено: 16 август, 2013, во 08:43 часот

Грижата за градите е всушност прашање на држење. Жените кои од пубертетот се држеле исправено ретко подоцна имаат неубави гради затоа што нивната вратна и грбна мускулатура е цврста и цврсто ги држи градите.

Бидејќи секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи, еве неколку совети:

– Секогаш носете градник!

Немојте да слабеете пребрзо! Вашето сало ќе исчезне пред кожата да се стегне, па градите ќе омлитават и ќе виснат.

– Не раѓајте прерано! Колку е мајката помлада, толку повеќе бременоста им штети на градите. За разлика од раното раѓање, доењето не може да им наштети.

– Жена што се грижи за своите гради нема да пропушти редовни прегледи кај доктор и самопроверување на градите со допир. Така навреме ќе се откријат топчиња и стврднувања кои може да бидат безопасни, но и опасни. Раното откривање е најдобар лек.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.